30.05.2023 Скопје
Српскиот претседател Александар Вучиќ доцна синоќа остварил телефонски разговор со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, и со потпретседателот на Советот на министри и министерот за надворешни работи на Република Италија, Антонио Тајани.
Вучиќ ги информирал соговорниците за она што се случува на Косово и Метохија каде што истакнал дека тоа го организирал Албин Курти и дека тоа сите го знаат со денови, поради што ги замолил Борел и Тајани да го вразумат Курти.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за денеска закажа состаноци со амбасадорите на Квинта – САД, Велика Британија, Германија, Италија, Франција, како и со шефот на делегацијата на ЕУ во Белград.
Претседателот Вучиќ исто така за денес закажа средба и со амбасадорите на Руската Федерација и на Кина.
Подготвено од М.Н.