09.05.2023 Скопје
Со помош на телескопот Џејмс Веб, астрономите открија знаци на водена пареа на планета надвор од Сончевиот систем оддалечена 26 светлосни години, во соѕвездието Девица.
Научниците открија знаци на водена пареа на егзопланетата GJ 486b, откриена пред две години, со помош на вселенскиот телескоп Џејмс Веб, но сè уште не се сигурни во нејзиниот извор. GJ 486b е карпеста планета која се наоѓа во соѕвездието Девица и е оддалечена 26 светлосни години од Земјата, што, според научниците, не е толку далеку.
Оваа планета е околу 30 проценти поголема од Земјата и орбитира околу црвено џуџеста ѕвезда еден и пол ден. Таа е блиску до ѕвездата домаќин и има температура на површината од околу 430 степени Целзиусови. Оваа планета, и покрај високите температури, покажува и знаци на водена пареа, што може да значи дека дури и вонземски свет има атмосфера околу некои планети, која никогаш досега не била откриена.
Доколку научниците утврдат дека потеклото на водената пареа доаѓа од планетата, а не од ѕвездата околу која орбитира, тоа би било револуционерно откритие во науката за егзопланетите, вели физичарот Кевин Стивенсон.
Атмосферата која е присутна на планетата на која живееме е клучна за живите суштества какви што ги знаеме. Го задржува кислородот во воздухот и го филтрира сончевото зрачење, без кое не би можеле да дишеме додека во исто време имаме доволно топлина, а да не изгориме за време на загревањето.
Освен тоа, виновникот е атмосферата која со својот притисок дозволува водата да избие на површината на Земјата.
Водената пареа што беше откриена на карпестата егзопланета GJ 486b би можела да биде револуционерно откритие во астрономијата, бидејќи тоа би значело дека на планетата постои извор на вода. Пареа претходно била откриена на гасовити егзопланети, но никогаш на карпести планети или планети како Марс, Меркур и Венера.
Сепак, на научниците им требаат повеќе набљудувања за да го утврдат точниот извор на водената пареа – постои можност водата да не доаѓа директно од оваа планета туку од надворешен извор, поточно црвената џуџеста ѕвезда околу која орбитира.
Дури и најголемата ѕвезда што ја знаеме – Сонцето, и покрај неговата огромна топлина понекогаш има водена пареа на своите места, бидејќи тие области се поладни во споредба со остатокот од површината на Сонцето.
Ова откритие е производ на соработката меѓу американската вселенска агенција НАСА, како и Европската и Канадската вселенска агенција. Нивниот телескоп Џејмс Веб бил изграден со главна цел да ги пронајде атмосферите на другите планети. Откритијата како вода, метан и кислород надвор од Земјата може да значат дека не сме сами во универзумот.
Техниката што ја користат научниците со помош на телескопот Веб се нарекува преносна спектроскопија за проучување на егзопланети. Кога ѕвездената светлина влегува во атмосферата на егзопланетата, нејзините молекули апсорбираат светлосни бранови должини, т.е. бои, така што одвојувањето на ѕвездената светлина на нејзините основни делови (виножито) им овозможува на астрономите да откријат кои светлосни сегменти недостасуваат за да го одредат молекуларниот состав на атмосферите на овие планети.
Сепак, научниците велат дека ова откритие не е нова населива планета – оваа планета е премногу блиску до својата ѕвезда за да биде населена од луѓе. Меѓутоа, доколку се покаже дека има атмосфера, целта е да се открие дали карпестата егзопланета би можела да одржува и заштитна обвивка покрај близината на жешката ѕвезда.
Подготвено од А.Ѓ.