17.05.2023 Скопје
Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје бара итно усогласување на платите со минималецот, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието.
Иако веќе почна исплатата со регулирано зголемување на минималецот во државата, се чини дека во претпријатието ЈСП сеуште се врши исплата на вработените по стара пресметка.
Од Синдикатот на ЈСП – Скопје најавија дека ќе излезат на штрајк од идниот месец доколку не им бидат зголемени платите.
Подготвено од М.Н.