11.05.2023 Скопје
Возилата на приватните превозници, кои се пријавија на последниот конкурс на Град Скопје, се на технички проверки во ЈСП. Се проверува наплатниот систем и состојбата на возилата.
Според информациите, скопјани може да ги очекуваат автобусите на приватните превозници да се вклучат во градскиот сообраќај во Скопје и по повеќе од шест месеци, може конечно, ќе почнат да возат.
На последниот јавен повик се бараа превозници за три пакети линии. Во првиот пакет беа линиите со броевите „23“, „45“, „61“, „63“ и „73“, за чие опслужување се потребни најмалку 35 автобуси и 76 возачи. Вториот пакет се однесува на линиите „9“, „11“, „11а“, „12“, „47а“ и „55“, за чие опслужување се потребни најмалку 39 автобуси и 83 возачи. Во третиот пакет беа опфатени линиите „19“, „20“, „22“, „52“ и „54“, за чие опслужување се потребни најмалку 41 автобус и 87 возачи.
На денешниот брифинг со новинарите, градоначалничката Данела Арсовска објасни дека на улиците на Скопје дневно има по осумдесетина возила на приватни превозници, иако тие располагаат со повеќе од 200 автобуси, но тие се чуваат за резерва.
Подготвено од М.Н.