16.05.2023 Скопје
Мултинационалната мобилна и фиксна телефонија Водафон ќе укине 11.000 работни места во рок од три години. Управниот директор Маргерита Дела Вале изјави дека оваа мерка ќе послужи за поедноставување на корпоративната структура.
Дела Вале предвиде пад на слободниот готовински тек за 1,5 милијарди евра оваа година, со што објави дека на телекомуникацискиот гигант му е потребна драстична промена.
За да обезбеди постојани резултати, Водафон треба да се промени, изјави Дела Вале, и додаде дека нејзините приоритети се клиентите, едноставноста и растот на компанијата.
Дела Вале истакна дека ќе ја поедностават сопствената организација, елиминирајќи ја сложеноста и така ќе ја вратат конкурентност на светскиот пазарот.
Подготвено од М.Н.