https://www.freepik.com/free-photo/overheating-planet-earth-global-warming-campaign-mixed-media_15665716.htm#query=climate%20changes&position=35&from_view=search&track=sph

08.05.2023 Скопје

Во Виетнам е забележана температура повисока од 44 степени Целзиусови, а експертите предвидуваат дека овој рекорд наскоро ќе биде надминат поради климатските промени.

Рекордот е поставен во северната провинција Тан Хоа, каде што властите ги предупредија луѓето да останат во затворени простории во најтоплиот дел од денот, додека другите соседни земји исто така објавија екстремно топло време.

Тајланд објави рекордно високо ниво од 44,6 степени Целзиусови во неговата западна провинција Мак, додека мјанмарските медиуми објавија дека град на исток забележал 43,8 степени Целзиусови, што е највисока температура во земјата во последната деценија.

Експертот за климатски промени Нујен Нок Хуј рече дека новиот рекорд во Виетнам е „загрижувачки“, со оглед на контекстот на климатските промени и глобалното затоплување.

„Верувам дека овој рекорд ќе се повтори многу пати. Тоа потврдува дека екстремните климатски модели се покажале како точни“, рече тој.

Светот се има загреано за околу 1,1 степени Целзиусови од почетокот на индустриската ера, а температурите ќе продолжат да растат доколку владите не направат клучни промени за итно намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Во март оваа година, научниците за климатски промени рекоа дека клучната цел за глобална температура најверојатно ќе биде пропуштена.

Во април, Шпанија ја забележа најтоплата температура досега за тој месец, од 38,8 степени Целзиусови на аеродромот во Кордоба на југот на земјата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author