sirija potrebna humanitarna pomos

31.05.2023 Скопје

Околу 15,3 милиони луѓе во сите градови на Сирија, или повеќе од 70 отсто од населението, имаат потреба од хуманитарна помош.

Ова е алармот што вчера го вклучи Организацијата на Обединетите нации (ОН), како што објави саудискиот државен медиум и во објавата стои дека досега се собрани само 10 отсто од 5,4 милијарди долари побарани од Светската програма за храна на ОН, а доколку не се најдат дополнителни средства, до следниот јули 2,5 милиони луѓе ризикуваат да не добијат храна и други основни потреби.

Хуманитарната ситуација во Сирија, отежната од силниот земјотрес во февруари, го направи населението се позависно од хуманитарна помош, бидејќи инфраструктурата и основните услуги пропаѓаат речиси насекаде.

Токму поради таа причина ОН побараа поддршка од Европската Унија, и предложија да се разговара за критичната состојба во Сирија на состанокот што ќе се одржи во Брисел на 14 и 15 јуни.

Подготвено од М.Н.

About Author