11.05.2023 Скопје
Полнолетен ученик од гимназијата во Штип преку Инстаграм испратил заканувачка порака, по што е приведен од страна на СВР Штип.
Дел од родителите од страв се одлучија да не ги пуштаат децата на денешните часови во гимназијата.
Од СВР Штип соопштија дека го лишиле од слобода лицето Б.Д. (18) од Штип бидејќи во 12.18 часот во СВР Штип од гимназијата во Штип, каде што тој е ученик, било пријавено дека на неговиот профил на „Инстаграм“ објавил текст со заканувачка содржина.
Ова е прва закана на социјална мрежа во изминатиов период, откако во Скопје и Тетово одредени ученици правеа списоци со соученици кои по содржина беа слични на списокот кој го имаше направено средношколецот кој го направи масакарот во средното училиште во Белград.
Неофицијално, заканата се однесувала на тоа дека некои деца ќе имале матура, некои не. Момчето било повлечено и немало многу другари во училиштето.
Подготвено од М.Н.