shangaj 1111

29.05.2023 Скопје

Во Шангај денеска е измерена температура од 36,1 степени Целзиусови, што е најтоплиот ден во градот во мај во последните 100 години, соопшти метеоролошката служба.

„Во Шангај денеска во 13:00 часот на станицата на метрото во центарот на градот е измерена температура од 36,1 Целзиусови степени, што е највисока температура во мај во последните 100 години“, објави Веибо.

Подоцна на истото место е измерена температура од 36,7 степени, што е за цел степен повисока од 35,7 степени измерени во 1876, 1903, 1915 и 2018 година.

Научниците велат дека глобалното затоплување ги влошува неповолните временски услови, при што многу земји се соочуваат со смртоносни топлотни бранови и рекордни температури низ Југоисточна и Јужна Азија во последните неколку недели.

Во средината на април во делови од Индија беа измерени 44 степени Целзиусови, а најмалку 11 луѓе починаа од сончев удар за само еден ден околу Мумбај.

Неодамна беше измерена температура од 45,4 степени Целзиусови во градот Так во Тајланд, а 42,9 степени во провинцијата Синаибаули во Лаос.

Глобалната температура минатата година била 1,5 степени над просекот за периодот од 1850 до 1900 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author