severna koreja spiunski satelit

17.05.2023 Скопје

Шефот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, изврши надзор на првиот воен шпионски сателит на Северна Кореја и даде зелено светло за неговиот „иден акционен план“, објавија медиумите во Пјонгјанг.

Фотографиите објавени од медиумите во вторникот покажуваат дека Ким и неговата ќерка, облечени во бели лабораториски мантили, разговараат со научниците во близина на објект што се чини дека е главна компонента на сателитот.

За време на посетата на севернокорејската воздухопловна агенција, Кин Џунг Ун нагласи дека извидувањето од вселената е клучно за спротивставувањето на САД и Јужна Кореја.

Ким одобри неодреден „иден акционен план“ како подготовка за лансирање на сателитот, но не го објави датумот за лансирање, што според некои аналитичари би можело да биде во следните неколку недели.

Подготвено од М.Н.

About Author