09.05.2023 Скопје
Во петок на 12.05. во периодот од 9 до 12 часот ќе се одржи голема еко-акција за чистење на општина Ѓорче Петров.
На ова второ по ред организирано чистење носители ќе бидат вработените во Општината, како и вработените во училиштата и градинките, а главен организатор е „Генералка викенд”.
Од Општината ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, членови на Советот, спортски друштва, месни заедници и останати организации да се приклучат на оваа масовна акција и сите заеднички да придонесат за поубаво и почисто Ѓорче.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека оваа година организацијата на оваа општинска генералка е на многу повисоко ниво од претходно, и дека крајниот резултат ќе допринесе гордост на секој жител на општината.
Подготвено од М.Н.