25.05.2023 Скопје
Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, на јавна дебата попладнево посочи дека влезот на приватниот партнер во јавното претпријатие, во услови кога сите останатите јавни претпријатија не може да ја платат и комуналната такса кон општината, ќе придонесе за поуспешно функционирање, подобра услуга кон граѓаните, како и редовни и подобри плати за вработените.
Градоначалникот Касами посочи дека најдобар модел, односно најдобра опција е влез на приватен партнер во јавните претпријатија, со цел тие да работаат успешно, а не како што се сега во загуби и долгови.
Касими дополни дека со јавните-приватни партнерства, во никој случај нема да има откази на вработените во јавните претпријатија, туку напротив вработените ќе земаат редовни и повисоки плати.
Подготвено од М.Н.