https://www.flickr.com/photos/libardoni/5346397717/in/photolist-99rFLZ-7K4HaL-orEVv4-eXRJP6-fF7R5s-aHzJpD-VoWtsK-7gGYMD-7HSL7J-5PUSAf-6DRu3p-6w3yKh-6DRsVH-anBrbB-eXRjMd-56Y5eH-cEx7zj-35MTNZ-8oQCT6-qCUAt3-35NPzc-6eMbXG-8vGh6W-oFtdf3-9iMcxC-dxPs5u-dxHYeM-ukvzc-dFibbT-dxHTx4-dxPoys-7n5yks-85f2Jc-7HNzMP-4RWv38-zUuBRd-aYstmx-8oQFDv-7kBJ7F-5SfZf2-eQCZik-81nBAR-7ZPfUn-dxHWtg-2mTtTcn-hSxFbm-dFid7X-2eSWMS7-rygjwT-qTTmcM

13.05.2023 Скопје

Во Турција се е подготвено за претседателските и парламентарните избори кои ќе се одржат во недела на 14 мај.

По ненадејното повлекување на опозицискиот политичар Мухарем Инџе, под уцена за наводно хардкор видео, претенденти за претседател на Републиката остануваат тројца.

Двајцата фаворити се Кемал Киличдароглу, претседател на Републиканската народна партија (ЦХП) и шеф на Алијансата за нацијата, и турскиот претседател во заминување, Реџеп Таип Ердоган, шеф на Исламската Партија на правдата и развојот (АКП).

Улогата на „третото тркало“ му припаѓа на Синан Оган, на чело на Алијансата АТА составена од мали националистички партии (Партија на победата, Партијата на правдата, Партијата на мојата земја и Партијата на Алијансата за Турција).

Од вкупното население од речиси 85 милиони луѓе, има 60,9 милиони гласачи, покрај 3,2 милиони турски граѓани кои веќе гласале во странство, со рекордна излезност од 52,6 отсто.

По повеќе од 20 години на власт, Реџеп Тајип Ердоган ветува силна, мултилатерална Турција и отворање на шест милиони работни места и го обвинува Западот дека се обидува да го урне од власт.

Неговиот главен ривал, Кемал Киличдароглу, поддржан од широка опозиција, сака да ја насочи оваа земја-членка на НАТО кон прозападна, подемократска позиција.

Ердоган ја води Турција од 2017 година, со огромни претседателски овластувања и како извршен претседател тој може да прогласи вонредна состојба и може да избира или разрешува државни службеници.

Човекот пак кој што сака да го замени сака да го укине претседателскиот систем и да стане „непристрасен“ лидер, без конекции со политичка партија.

Киличдароглу изјави дека ќе ја врати Турција да има парламент и премиер на чело на земјата, и ќе ги оживее независните судови и слободниот печат, дека ќе им служи на сите 85 милиони граѓани на Турција, и ќе покаже почит кон секој еден поединец.

Овие избори многу внимателно ги следат 3,5 милиони сириски бегалци кои имаат привремена заштита во Турција, бидејќи опозицискиот предизвикувач сака да ги испрати дома „најдоцна во рок од две години“. Тоа е голема грижа за Сиријците, кои дојдоа овде главно во првите шест години од војната до 2017 година.

Подготвено од М.Н.

About Author