Photo by Jared VanderMeer: https://www.pexels.com/photo/canadian-flag-3744699/

06.05.2023 Скопје

Во западниот дел на Канада, илјадници луѓе беа евакуирани поради шумските пожари кои избувнаа по неколку недели рекордно топло време, а брзото топење на снегот предизвика поплави низ канадската Британска Колумбија.

На повеќе од 13.000 луѓе им беше наредено да се евакуираат во Алберта до петок, бидејќи избувнаа 78 пожари.

Меѓу најголемите е пожарот на езерото Фокс од 1.458 хектари кој уништи 20 домови и полициска станица.

Во Алберта годинава имало 348 шумски пожари, при што изгореле повеќе од 25.000 хектари, соопштија локалните власти.

Наведоа дека ова е најголем број пожари во областа во последните неколку години.

Во Британска Колумбија, реките се излеаја од коритата, поплавувајќи ги домовите и блокирајќи ги автопатите.

Западна Канада до минатата недела имаше кул пролет, но наглото затоплување, со температури на некои места од 10 до 15 Целзиусови степени над просекот за почетокот на мај, предизвика пожари и поплави.

Поплавите во Британска Колумбија се очекува да се влошат во текот на викендот, со прогноза за обилни дождови на југот на канадската провинција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author