juzna afrika epidemija kolera

22.05.2023 Скопје

Здравствените власти во јужноафриканската провинција Гаутенг објавија дека епидемија на колера се шири со многу брз интензитет, и веќе се регистрирани и првите смртни случаи каде најмладата жртва е тригодишно момче.

Минатиот понеделник биле хоспитализирани најмалку 95 лица со симптоми на колера во Хаманскрал, област северно од главниот град Преторија.

Лабораториските тестови извршени вчера потврдија најмалку 19 случаи на колера, а 37 лица се хоспитализирани во критична состојба, изјавија од здравствениот оддел на Гаутенг.

Номанту Нкомо-Ралехоко, провинцискиот здравствен службеник, ја повика јавноста да преземе дополнителни мерки на претпазливост и да се одржува соодветна хигиена на рацете, додека пак градските власти на Тшване ги предупредија жителите на Хаманскраал и околните области да не ја пијат водата од нивните чешми, додавајќи дека цистерните за вода се полни.

Подготвено од М.Н.

About Author