Image by natanaelginting on Freepik

18.05.2023 Скопје

Во Црна Гора е покрената петиција за забрана на социјалната мрежа Тик-Ток, а формуларот за електронски потпис е објавен и на веб-страницата на Собранието на Црна Гора.

Во текстот на петицијата се посочува дека оваа платформа има исклучително лошо влијание врз децата и младите, бидејќи покажува несоодветна содржина на огромен број луѓе.

„Истата содржина ја креираат и нашите најмлади, со надеж дека ќе станат популарни, што е една од погрешните вредности што е нагласена на оваа платформа – популарноста. Децата треба да живеат детски животи, да имаат детство, да уживаат во секој ден на нивните животи, а не да бидат „популарни“ и да имаат модели кои не можат ништо да ги научат“, се вели во петицијата.

Петицијата беше покрената по серијата инциденти поради мониторингот на Тик-ток, а особено откако 14-годишен ученик од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград неодамна застрела и уби девет од 10 лица, од кои девет соученици.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author