https://www.flickr.com/photos/mrulster/24735366030/in/photolist-DFMdy7-2nweGKo-2nSCBgF-QdZoXf-2na26Hd-2jrjHLp-7NXkk2-2dLajso-2mG32wv-DzpJwT-V96KaS-2na3iEJ-2mTevRY-2mqaYC2-2itk8ky-2mgh5DD-2nSG4kU-2ivmoYd-2iFLz9M-2cZV82B-2iUAgYj-TxXQZs-NMMqcJ-2iQie5w-UqJthK-DPgCJT-Fc8Tfp-AEwtQU-26zh8ev-PY2nxs-tUDqi6-VDm7nz-2m3BmYR-X5JQ7e-woUR4Q-yZotEw-2n82K1E-2njJzxL-2nwaWaK-2n6jugZ-2nKKU36-uBtbjY-2nvMjMm-2m27JEj-2mTew3K-2n8DCqC-nh3V8g-uQJr7u-2n6feqc-uNEkym

23.05.2023 Скопје

Поранешната европска комесарка Марија Габриел, задолжена за политичките преговори во Република Бугарија во име на конзервативците, најави компромис со либералниот табор за формирање „стабилна влада“ и избегнување нови избори.

Габриел беше пратеничка на Европскиот парламент, потпретседателка на Европската народна партија (ЕПП), најголемата група во ЕП, и комесарка во два мандати.

44-годишната функционерка, која минатата недела поднесе оставка на функцијата во Брисел, прво ќе биде потпретседателка на владата, предводена од 60-годишниот истражувач Николај Денков, кого го избра либералната коалиција, а потоа по девет месеци ќе го преземе водството на владата.

Како што оценуваат аналитичарите, владата не е формирана и поради острата поларизација меѓу партиите, а недоволната сила на секоја од нив спречуваше формирање стабилна влада.

Бугарија која е најсиромашната држава во ЕУ на 2 април ги одржа своите петти парламентарни избори во овие две години, каде и по тие избори различните политички партии не успеаја да се договорат и да формираат стабилна влада.

Подготвено од М.Н.

About Author