Image by wirestock on Freepik

29.05.2023 Скопје

Во Босна и Херцеговина (хрватскиот и муслиманскиот ентитет на земјата) вчера стапи на сила законот за забрана за пушење на затворени јавни места.

Забрането е пушење на затворени јавни места, во јавниот превоз, но и во автомобили доколку има внатре има малолетни лица, соопштија босанските медиуми.

Според донесениот закон сопствениците на сите угостителски објекти се обврзани на видно место да го истакнат знакот „забрането пушење“ и да ги отстранат пепелниците од масите.

Пушењето е дозволено само во простори специјално определени за оваа намена. Сместувачките капацитети ќе имаат рок од 6 месеци за усогласување, додека санкциите за физичките лица ќе започнат веднаш со казни од 100 до 15 илјади конвертибилни марки (од околу 50 евра до околу 7.660 евра).

Покрај цигарите, забраната опфаќа и употреба на наргиле, цевки за вода и електронски цигари.

Подготвено од М.Н.

About Author