11.05.2023 Скопје
Институтот за јавно здравје на босанскиот кантон Подрина соопшти дека во Горажде е потврден случај на треска од глушец.
Директорката на Кантоналниот институт за јавно здравје, Медина Бичо, изјави дека се преземени одредени активности за борба против болеста и дека се издадени препораки.
Бичо објасни дека се работи за зооноза, односно за болест предизвикана од вирусот Хантан, кој се наоѓа во изметот на полските глувци и други глодари, а на луѓето се пренесува преку капки, односно преку респираторниот тракт.
Таа додаде дека пролетната деритизација е извршена во сите објекти и потсети дека болеста е евидентирана и во 1995 година кога има карактер на епидемија.
Подготвено од А.Ѓ.