25.05.2023 Скопје
Денеска во Минск, министрите за одбрана на Белорусија и Русија, Виктор Хренин и Сергеј Лавров потпишаа договор со кој се дефинира процедурата за складирање на руското нуклеарно оружје во специјално складиште на територијата на Република Белорусија.
Шојгу појасни дека контролата врз оружјето и одлуката за негово користење остануваат привилегија единствено на Москва, и додаде дека во тек е спроведувањето на мерките за зголемување на борбената готовност на обединетите вооружени сили на НАТО во Источна Европа.
Шојгу исто така истакна дека западните земји во суштина почнале необјавена војна против Москва и Минск, со тоа што дополнително се распоредуваат воени контингенти во близина на границата меѓу Русија и Белорусија.
Подготвено од М.Н.