elektronski cigari zabrana avstralija

02.05.2023 Скопје

Министерот за здравство на Австралија, Марк Батлер, изјави дека земјата ќе воведе забрана за електронските цигари.

„Ќе бидат забранети сите електронски цигари за еднократна употреба и ќе се воведат ограничувања за пакување, вкусови и достапни бои“, истакна министерот Батлер.

Според новите правила, електронскиот апарат за пушење ќе се продава само во аптеките и ќе биде забранет увозот на оние уреди кои не се нарачани од аптеките.

Министерот Батлер истакна дека пушењето електронски цигари во Австралија станало рекреативен производ, кој се продава главно за тинејџери и млади луѓе, и додаде дека пушењето електронски цигари е најголемата „нова закана по здравјето“.

Министерот исто така најави пакет поддршка за здравствениот систем, вклучително и нова национална програма за скрининг на рак на белите дробови, а државата донесе одлука да се зголемат даноците за тутунот за пет проценти годишно во следните три години за да помогне во плаќањето на програмата.

Подготвено од М.Н.

About Author