lekovi

23.05.2023 Скопје

Пандемијата Ковид-19 негативно влијаеше на срцевите заболувања, артритисот, бубрезите и создаде трајно оштетување на белите дробови, кои бараат периодично лекување.

Поради таа причина во првите четири месеци од годинава увозот на фармацевтски производи во Албанија достигна 2.248 тони со 23 отсто пораст во однос на лани во овој период.

Исто така и стареењето на населението и зголемувањето на оптоварувањето на болестите во сите дијагнози, наметнати и од пандемијата, ја зголемија побарувачката за лекување со лекови и фармацевтски производи.

Подетални податоци покажуваат дека Албанците имаат слаб пристап до главните кои лекуваат болести, кардиоваскуларни, онколошки, автоимуни, нервозни итн.

Албанскиот пазар е во развој, каде традиционалните генерички и непатентни лекови претставуваат 76%, додека специјализираниот болнички третман со иновативни терапии само 24%.

Исто така податоците покажуваат дека на албанската листа за рефундирање има само 373 генерички лекови, додека во јадранските земји (Албанија, Србија, Република Северна Македонија, Хрватска, Словенија) според различни студии има 962 лекови.

Подготвено од М.Н.

About Author