04.05.2023 Скопје
Во петок (5 мај), со почеток во 20 часот, оркестарот на Националната филхармонија ќе го изведе концертот „Вилает“, на кој како солист ќе настапи хорнистот Боштјан Липовшек од Словенија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел.
На програмата се „Унгарски танц бр. 1“ и Четвртата симфонија од Јоханес Брамс и Концертот за хорна и оркестар од Реинхолд Глиер.
Подготвено од А.Ѓ.