29.05.2023 Скопје
Британската влада ги разгледува плановите да ги принуди трговците на мало да ги ограничуваат цените на основните прехранбени производи, како што се лебот и млекото, бидејќи цените на основните производи продолжија да растат со двоцифрена вредност.
Кабинетот на премиерот Риши Сунак разговара со супермаркетите за договор сличен на оној во Франција, каде големите трговски синџири наплаќаат најниска можна сума.
Британија има највисока стапка на инфлација на храната во Западна Европа. Цените се зголемија за повеќе од 19 отсто минатата година, што е најголем пораст од 1970-тите.
Буџетите на домаќинствата се оптоварени со порастот на цените на енергијата, делумно предизвикани од војната во Украина.
Големите супермаркети, како што се Tesco и Sainsbury’s, најавија намалување на цените на одредени прехранбени производи во последните недели.
Ендрју Опи од Британскиот малопродажен конзорциум (BRC) рече дека високите цени на храната се директен резултат на зголемените трошоци за енергија, транспорт и работна сила, како и повисоките цени што им се исплаќаат на производителите на храна и земјоделците.
Подготвено од А.Ѓ.