23.05.2023 Скопје
Дефиниран е планот за јавен ред за финалето на Купот на Италија помеѓу Фиорентина и Интер, закажано за утревечер на стадионот Олимпико во Рим во 21 часот и одлив на навивачи од целата земја.
За да се обезбеди одржување на настанот, навивачите на двете екипи ќе влегуваат одделно, односно од спротивни страни на стадионот.
Исто така се обезбедени и обележани посебни паркинг места за навивачите на екипите, односно распределени се на две посебни страни околу стадионот за да се избегнат меѓусебни судири меѓу навивачите и надвор од стадионот.
Подготвено од М.Н.