https://www.facebook.com/photo.php?fbid=780816520075927&set=pb.100044427579784.-2207520000.&type=3

16.05.2023 Скопје

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, појасни зошто има донесено одлука да го поддржи процесот за уставните измени и зошто делегирал свој претставник во работното тело.

Претседателот Пендаровски истакна дека внесувањето на помалите етнички заедници во Уставот, вклучително и на Бугарите, нема да ја загрози безбедноста на државата, ниту пак ќе ја разниша внатрешна стабилност.

Во воведно обраќање на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода, претседателот Стево Пендаровски истакна дека е убеден дека колку сме поразлични, толку е поширок хоризонтот на можности кои се пред нашата држава.

Подготвено од М.Н.

About Author