30.05.2023 Скопје
Слика нацртана директно на ѕид во Ораховац, посветена на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, е уништена во текот на ноќта.
Жителите на горниот дел на Ораховац утрово околу 6 часот пронашле уништен мурал и сега го чекаат пристигнувањето на полицијата.
Сликањето на муралот на Ѓоковиќ во горниот дел на Ораховац е дел од проектот „Боја во воздухот“ што го реализираше организацијата „Амици ди Дечани“, во соработка со уметникот Дерокс, кој на почетокот на минатата година сликал мурали по желба на места со српско население на Косово и Метохија и договор со домаќините.
Муралот на Ѓоковиќ, кој беше насликан на српска куќа спроти црквата во Ораховац, исто така беше уништен на почетокот на февруари, кога беше обоен со бела боја.
Тој мурал е насликан во март 2022 година.
Подготвено од А.Ѓ.