zelenski solc oruzje

27.05.2023 Скопје

Украина побара од Германија да и достави крстосувачки ракети со дострел од 500 километри. Оваа информација ја потврди портпаролката на Министерството за одбрана во Берлин по гласините во германските медиуми.

Како што објавија медиумите во Германија, всушност, украинскиот претседател Володимир Зеленски разговарал за набавка на ракети Таурус со германскиот канцелар Олаф Шолц минатата година на 14 мај, при неговата посета на Берлин.

Портпаролката на германското Министерство за одбрана изјави дека барањето од украинската страна било примено во последните денови, но не наведе повеќе детали.

Подготвено од М.Н.

About Author