02.05.2023 Скопје
Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека околу 23.000 цивили се сметаат за исчезнати како резултат на конфликтот во Украина.
„Десетици илјади луѓе се сметаа за исчезнати (од 24 февруари 2022 година). Повеќето од нив се пронајдени, но за околу 23.000 луѓе официјално е потврдено дека се исчезнати поради посебни услови – како резултат на воените дејствија“, се вели во соопштението.
Министерството додава дека Украина веќе започнала со составување единствен регистар на исчезнати лица и дека роднините можат да бараат информации од тој регистар.
Украинскиот комесар за исчезнати лица поради посебни околности, Олег Котенко, на 17 април изјави дека повеќе од 7.000 украински војници исчезнале од почетокот на конфликтот.
Подготвено од А.Ѓ.