23.05.2023 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Украина нема да стане членка на НАТО во скоро време бидејќи не исполнува голем број на услови за прием.
Шолц изјави дека засега западните поддржувачи на Украина треба да се фокусираат на помагање на Киев да се одбрани, а во иднина ќе биде неопходно да се разговара за безбедносните гаранции за Киев.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно изјави дека сите членки на Алијансата се согласиле да го пречекаат Киев, но само ако и кога ќе ја победи Русија, и додаде дека на сите им е јасно дека тоа нема да се случи во блиска иднина.
Подготвено од М.Н.