10.05.2023 Скопје
Сите членки на Северноатлантската алијанса се согласни дека Украина треба да стане членка на НАТО, но прашање е кога ќе се случи тоа, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Столтенберг додаде дека НАТО во моментов соработува со Киев и помага во транзицијата од опрема и доктрина од советската ера кон доктрината и стандардите на НАТО.
Шефот на НАТО исто така истакна дека суштински Северноатланската алијанса има две задачи за војната во Украина.
НАТО треба во секој сегмент да ја поддржува Украина, а секако за тоа се заложуваат сите земји членки, и втората задача е да не дозволи војната да ескалира и да се прошири надвор од границите на Украина.
Подготвено од М.Н.