shpanska policija

03.05.2023 Скопје

Шпанската полиција уапси 15 лица откако на две локации во руралните средини беа откриени 13 затворени плантажи со марихуана.

Како што пишуваат шпанските медиуми, тие се членови на „кланот Кавак“ од различни земји во светот.

Во соопштението на шпанското Министерство за внатрешни работи се наведува дека се запленети осум огнени оружја, од кои едно автоматска пушка, повеќе од 3.000 садници марихуана, 150 килограми марихуана затворена во вакуум и 54.000 евра готовина. Оваа криминална група е поврзана со кланот „Кавчани“ со српско потекло.

„Степенот на опасност на оваа група е висок и нејзината главна активност во Шпанија беше меѓународна трговија со дрога и поврзани кривични дела поврзани со перење пари. Групата е опасна и се карактеризира со екстремно насилство“, се вели во соопштението на шпанското Министерство за внатрешни работи.

Главните луѓе во криминалната организација живееле во скапи делови на Мадрид, во домови вредни повеќе од милион и пол евра и користеле возила со врвен квалитет.

Криминалната мрежа имала затворени насади во провинциите Мадрид, Гвадалахара и Толедо, чиј производ се извезувал во земјите од северна и источна Европа.

Членовите на групата ги усовршија своите постапки, формирајќи различни канали за снабдување со опојната супстанција, како и нејзино одгледување.

Дрогата се пренесувала со комбиња и автомобили, кои секогаш биле придружувани од друго возило кое било наменето за разузнавање доколку дојде полиција.

Исто така, тие секогаш имале оружје со себе за да се одбранат од можни напади или дури и да нападнат други криминални групи, со оглед на тоа дека се во конфликт со „Скалјарскиот клан“.

Како што пишуваат шпанските медиуми, на полицијата и било многу тешко да ги открие со оглед на тоа што постојано ги менувале адресите на живеење и автомобилите.

Истрагите на истражителите овозможија да се создаде криминогена карта на затворени насади во различни рурални области на провинциите Мадрид, Гвадалахара и Толедо, што конечно овозможи да се уништат вкупно 13 плантажи со марихуана, осум во Толедо, четири во Мадрид и еден во Гвадалахара.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author