germanska policija

31.05.2023 Скопје

Германските власти уапсија седуммина осомничени поддржувачи на терористичката група Исламска држава (ИСИЛ), како дел од истрагата за финансирање на терористичката организација.

Властите извршија 19 рации во Баден-Виртемберг, Бремен, Хамбург, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија и Рајна-Пфалц, како и во еден приватен објект во Холандија, се вели во соопштението на федералното обвинителство.

Уапсените лица се осомничени дека припаѓаат на меѓународна мрежа која барала финансиски донации за ИСИЛ во Сирија преку различни онлајн социјални платформи, а потоа и ги предавала на групата или нејзините посредници.

На овој начин биле префрлени најмалку 65.000 евра, изјавиле обвинителите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author