uapseni

11.05.2023 Скопје

По меѓународна истрага, властите на германската покраина Баден Виртемберг уапсија четворица членови на германско-српска банда која оперира низ Европа.

Станува збор за банда која имала бизнис во повеќе европски земји, поради што е покрената меѓународна истрага. Тие се уапсени на возраст од 35 до 38 години.

Главен извор на приход им биле украдените автомобили, кои откако ќе ги „модифицирале“ ќе ги препродавале. Само по препродажба на автомобилот заработиле 1,7 милиони евра. Покрај четворицата уапсени, под истрага се уште најмалку 20 други. Освен со автомобили, тие се занимавале и со шверц на дрога.

Инаку, и од обвинителството од Равенсбург потврдија дека бандата ја сочинуваат германски и српски државјани, а тие првпат се појавиле на „радарот“ на властите во 2021 година и оттогаш полицијата активно ги следи. Згора на тоа, во текот на изминатата година биле следени од неколку тајни полицајци, обидувајќи се да им се приклучат на нивните редови. Инаку, како што пренесуваат германските медиуми, бандата е активна од март 2019 година.

Покрај автомобилите, важен извор на нивниот приход била и дрогата. При претресот на становите пронајдени се во поголема количина хашиш, кокаин и марихуана. Само од едно уапсено лице се земени десетици илјади евра во кеш. Во истрагата покрај германската полиција учествуваа и полициите на Србија и Шведска, како и Европол.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author