09.05.2023 Скопје
Светските медиуми јавуваат дека дваесетгодишниот млад човек Хасбула Магомедов од Русија заврши зад решетки.
Амбасадорот на УФЦ и сензација на социјалните мрежи наводно бил уапсен во родниот Дагестан, во Руската Република, поради повеќекратни прекршувања на возењето во кои учествувале група пријатели за време на свадбена прослава.
Дваесетгодишниот „мини Хабиб“ и неговите пријатели го блокирале главниот пат за да купат крофни. Хасбула се извини за инцидентот на социјалните мрежи. Тој вети дека никогаш повеќе нема да го направи тоа и потврди дека тој не возел.
Овој млад човек од Дагестан има повеќе од седум милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Тој е познат по неговото пријателство со Хабиб Нурмагомедов, легендата на УФЦ, а според некои извори, популарноста ја искористил на најдобар можен начин за да заработи сериозни суми на пари.
Подготвено од А.Ѓ.