16.05.2023 Скопје
По првиот круг од претседателските и парламентарните избори, турската лира падна на 19,7 лири за американски долар.
Индексот на Истанбулската берза БИСТ 100 падна за 2,8 отсто, а на банкарскиот индекс БИСТ, ХБАНК за 8,3 отсто.
Експертот за пазари во развој на Капитал Економика, Лајам Пич, истакна дека победата на опозицијата е помалку веројатна и тоа ќе ги разочара инвеститорите кои се надеваат на враќање на традиционалната економска политика и посилна борба против инфлацијата.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на крајот на 2021 година реагираше на економската криза со намалување на референтната каматна стапка во земјата, што е спротивно на економската политика што ја водат повеќето земји.
Податоците на Турскиот статистички институт покажуваат дека годишната стапка на инфлација во Турција во октомври достигна 85,5 отсто, а во април 43,6 отсто.
Пич заклучи дека победата на претседателот Ердоган, која сега е основното сценарио, би била негативна за макроекономската стабилност и финансиските пазари на Турција.
Претседателот на турската изборна комисија Ахмет Јенер соопшти дека вториот круг од претседателските избори во Турција ќе се одржат во недела на 28 мај, бидејќи ниту еден од кандидатите во првиот круг не доби повеќе од 50 отсто од гласовите.
Подготвено од А.Ѓ.