08.05.2023 Скопје
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека САД барале од Анкара да и испрати на Украина од своите противвоздушни системи С-400, но дека Турција го одбила барањето.
На прес-конференцијата Чавушоглу беше прашан за враќање на Турција на проектот на американски борбени авиони Ф-35, на што тој одговри дека Турција засега не сака да се враќа на Ф-35, туку си ги бара назад своите пари.
Чавушоглу додаде дека причината за лошите односи со САД е поради организацијата ФЕТО која е активна во Америка, а Вашингтон ја поддржува Работничката апртика на Курдистан (ПКК).
Подготвено од М.Н.