https://www.flickr.com/photos/gageskidmore/33099415596

10.05.2023 Скопје

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пресудата со која е прогласен за виновен за сексуална злоупотреба на колумнистката И.Џин Керол ја нарече срамна и оцени дека одлуката на поротата претставува продолжување на „најголемиот лов на вештерки на сите времиња“.

Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“ изјави дека „апсолутно нема поим“ која е Џин Керол.

„Апсолутно немам поим која е оваа жена. Оваа пресуда е срамна – продолжување на најголемиот лов на вештерки на сите времиња“, рече Трамп.

Деветчлената порота во федералниот суд на Менхетен пресуди дека Трамп сексуално ја нападнал колумнистката Џин Керол во 1990-тите, а потоа ја клеветил прикажувајќи ја како лажго.

Поротата му додели отштета на Џин Керол во износ од околу пет милиони долари.

Поротата, сепак, не го прогласи Трамп за виновен за силување.

Трамп ќе поднесе жалба на пресудата, изјави неговиот портпарол Стивен Чеунг.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author