tojota

11.05.2023 Скопје

Иако 2023 година е далеку од својот почеток, JATO Dynamics дури сега го објавува својот целосен извештај за глобалната продажба за минатата година, 2022 година, кога беа испорачани вкупно 79,4 милиони нови возила низ целата планета.

Оваа бројка претставува пад од два отсто во споредба со 2021 година, при што клучните пазари како Северна Америка, Европа и Кина забележаа пад во 2022 година.

Од друга страна, пазарите во развој како Индија, Блискиот Исток, Југоисточна Азија и Африка забележаа раст речиси целосно неутрализирајќи го падот во другите региони. Но, ова не е најинтересната информација од извештајот.

Втор на листата е исто така Тојота, поточно моделот Corolla со приближно 992.000 продадени возила минатата година, додека трет е Tesla Model Y со 747.000 глобални регистрации.

Интересно е и тоа што во топ 10 нема модели од европските производители.

Севкупно, Tојота имаше пет модели во првите десет во светот минатата година.

Ford, Nissan и Honda ставија по еден модел во топ-10, додека Тесла имаше два модели на оваа листа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author