02.05.2023 Скопје
Платформата за онлајн запознавање Тиндер ќе престане да работи во Русија до 30 јуни, објавено е денеска на веб-страницата на компанијата Match Group.
„Нашите брендови преземаат чекори за ограничување на пристапот до нивните услуги во Русија и ќе го завршат своето повлекување од рускиот пазар до 30 јуни“, се вели во соопштението.
Тиндер работи преку мобилни апликации за паметни телефони.
Match Group, покрај Тиндер, ги поседува и Match.com, Meetic, OkCupid, Hinge, PlentiOfFish, Ship и OurTime.
Подготвено од А.Ѓ.