fk valencia kazneta poradi rasizam

24.05.2023 Скопје

Шпанската фудбалска федерација го поништи црвениот картон на Бразилецот, Винисиус Жуниор кој го доби во мечот против Валенсија.

Винисиус беше расистички навредуван, по што во еден дуел ги загуби нервите и заработи исклучување. Сепак, подоцна беше утврдено дека ВАР судијата не ја пуштил целосната снимка на судијата на теренот и затоа не бил регистриран ударот кој го добил Бразилецот.

Винисиус е ослободен од црвениот картон, а поради расистичките навреди трибината „Марио Кемпес“ на „Местаља“ ќе биде затворена за пет натпревари.

Валенсија исто така ќе мора да плати и парична казна за однесувањето на навивачите во износ од 50.000 евра.

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино побара натпреварите да се прекинуваат ако расистичките навреди не престанат по опомената од судијата.

Подготвено од М.Н.

About Author