24.05.2023 Скопје
На Аудиенцијата кај Папата Франциск, му ја честитав 10-годишнината од Понтификатот и му посакав долг живот, добро здравје и успешно извршување на светата должност, напиша претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери на својот официјален Фејсбук профил.
„Нашите две земји имаат нераскинливи историски врски преку важните личности од заедничкото минато, нашата Скопјанка и Албанка, Мајка Тереза и Светите апостоли Кирил и Методиј“, стои во објавата на претседателот на Собрането Талат Џафери.
Подготвено од М.Н.