23.05.2023 Скопје
Светската здравствена организација на вчерашното собранието кое се одржа во Женева донесе одлука, Тајван да не присуствува на годишното собрание на СЗО од 21 до 30 мај како набљудувач.
Министерството за надворешни работи на Тајван соопшти дека учеството на Тајван на седницата на собранието на СЗО е прашање на глобалното јавно здравје и ја критикуваше одлуката на СЗО како неправедна.
Кина и Пакистан се спротивставија на тоа Тајван да присуствува на годишното собрание на СЗО како набљудувач, додека пак САД, Франција, Велика Британија, Маршалските Острови, Австралија, Белизе, Науру и Есватини, поранешен Свазиленд, го поддржаа присуството на Тајван, објавија медиумите.
Подготвено од М.Н.