https://www.flickr.com/photos/vladamk/52528502692/in/album-72177720304031416/

27.05.2023 Скопје

Светската здравствена организација (СЗО) повика итно да се прекине субвенционирањето на тутунот, укажувајќи на штетното влијание на оваа култура врз здравјето на луѓето.

СЗО во извештајот ги посочи европските земји кои одгледуваат тутун, вклучително и Република Северна Македонија, која е меѓу 20-те најважни извозници на тутун во светот.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пред Светскиот ден без тутун, кој се одбележува на 31 мај изјави дека тутунот е одговорен за осум милиони смртни случаи на годишно ниво, но владите ширум светот трошат милиони за поддршка на фармите за тутун.

Севкупно, тутунот го има на 3,2 милиона хектари во 124 земји во светот, при што многу земјоделски работници се разболеле од екстремно високата изложеност на никотин.

Главен избор треба да биде да одгледуваме храна наместо тутун, со тоа даваме приоритет на здравјето, ги зачувуваме екосистемите и ја зајакнуваме безбедноста на храната за сите, истакна Гебрејесус.

Подготвено од М.Н.

About Author