halkbank

12.05.2023 Скопје

Халкбанк креираше специјален студентски пакет на производи наречен „За чиста 10-ка“ за да го направи студентското искуство попријатно и попрактично и да им пружи блескава иднина на сите сегашни и идни студенти.

Инвестирањето во високото образование е една од најважните одлуки што можете да ги донесете во животот. И покрај незаборавните доживувања во текот на студирањето и многуте среќни и возбудливи моменти, студентскиот живот знае да биде и стресен и исполнет со различни предизвици, најчесто врзани за финансиските трошоци за време на студиите.

Како банка која постојано води грижа за потребите и барањата на различните категории граѓани, Халкбанк го создаде ексклузивниот пакет услуги што им нуди на студентите низа поволности и бенефиции, со цел да им го олесни секојдневното функционирање за време на студирањето.

Пакетот на производи е наменет за студенти на возраст од 18 до 24 години, а сите сегашни и идни студенти можат да аплицираат онлајн или во најблиската филијала на банката. Сè што е потребно е да поседуваат важечки индекс и лична карта.

Со студентскиот пакет „За чиста 10-ка“, секој студент добива Visa PayWave дебитна картичка со која може да повлекува готовина без надомест на сите банкомати на која било банка во земјата и во странство. Со овој пакет секој студент добива и бесплатно електронско банкарство, бесплатна мобилна апликација и бесплатно водење трансакциска сметка.

Со станување корисник на електронското банкарство на Халкбанк достапни се и услугите SmartSend – за лесно префрлување средства, со еден клик, на контакт од телефонскиот именик во мобилниот телефон, SmartCash – за повлекување готовина од АТМ на Халкбанк без употреба на картичка, како и HalkPay – за лесно и безбедно плаќање со мобилен телефон преку дигитализација на платежните картички.

Воедно, на сите љубители на динамичниот животен стил, на луѓето кои се постојано во движење, кои спортуваат, практикуваат прошетки во природа и истовремено поседуваат часовник Garmin, на располагање им е и совршеното модерно решение за бесконтактно плаќање GarminPay со кое се врши брзо, едноставно и лесно плаќање со паметен часовник преку дигитализација на платежните картички од брендовите Visa и Mastercard.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author