https://www.facebook.com/photo.php?fbid=321729393329439&set=pb.100064771413898.-2207520000..&type=3

25.05.2023 Скопје

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на Форумот во Брисел, изјави дека Украина нема да може да влезе во НАТО се додека во таа земја има војна.

Оваа изјава на Столтенберг уследи по изјавата на претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, дека 18 членки на НАТО го поддржуваат барањето на неговата земја да се приклучи на организацијата.

„Мислам дека сите разбраа дека да се стане членка среде војна не е на дневен ред. Прашањето е што ќе се случи кога војната ќе заврши“, истакна Столтенберг.

Инаку генералниот секретар на НАТО е во посета на Брисел, каде што присуствува на настан организиран од Германскиот Маршалов фонд на САД.

Подготвено од М.Н.

About Author