oruzhje

04.05.2023 Скопје

Министерството за внатрешни работи на Србија денеска апелираше до сите сопственици на оружје да го чуваат совесно, затворено во сефови, каси или плакари, за да биде недостапно за неовластени лица, особено за деца.

Српското МВР упати апел и до сопствениците на оружјето да проверат дали е истоварено, односно одвоено од муницијата, како и да ги направат клучевите или шифрите од касите, сефовите и плакарите каде што го чуваат оружјето недостапни за другите луѓе, особено децата.

Во соопштението се наведува дека српското Министерство за внатрешни работи во наредниот период ќе ги преземе сите мерки со цел да се утврди дали сопствениците чуваат оружје согласно важечките прописи, т.е. одвоени од муниција и заклучени во соодветни кабинети, каси и сефови.

На сопствениците на оружје за кои ќе се утврди дека невнимателно го чуваат оружјето, за да можат да дојдат во сопственост на неовластени лица и да ја загрозат безбедноста на луѓето, ќе им биде одземено оружјето и ќе се побара поведување прекршочна постапка согласно Законот за оружје и муниција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author