15.05.2023 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својата официјална веб-страница денеска соопшти дека огромното количество оружје е собрано во Србија.
Фотографиите кои ги објавил претседателот Вучиќ прикажуваат илјадници автоматски пушки, главно со столпчиња на преклопување, како и снајперски пушки, митралези и друго оружје.
„Важно е таквите работи да завршат во рацете на државата, а не да зависиме од тоа дали некој поединец ќе реши да ги искористи“, соопшти во таа прилика Вучиќ.
Да потсетиме, по масакрот во белградското основно училиште и други инциденти поврзани со оружјето, поточно две престрелки во кои загинаа 17 лица, од кои голем дел деца, српските власти најавија голема акција за чистење на Србија од оружје, од кои има меѓу 700 и 900 илјади оружје во земјата.
Подготвено од М.Н.