11.05.2023 Скопје
Европската унија веќе од Октомври годинава ќе започне да воведува данок на јаглерод за стоки чие производство испушта големо количество јаглерод диоксид.
Во пракса тоа ќе значи дека европските увозници ќе го плаќаат пропишаниот данок при набавка на железо, алуминиум или ѓубрива од Србија.
Постепено зголемување на давачката Данокот барем на почетокот ќе се наметнува само на стоки чие производство испушта огромни количества ЦO2, односно железо, челик, алуминиум, цемент, пластика, вештачко ѓубриво, но и струја и водород.
Србија е значителен производител на овие стоки, така што металната индустрија учествува со 13 отсто, пластиката со 11 отсто, минералите и ѓубривата со околу 6,5 отсто од вкупниот српски извоз, од кои најмалку една третина завршува во Европската унија.
Тој сегмент ќе се оданочува, првично со 26 евра за тон испуштен јаглерод диоксид, а надоместокот ќе се зголемува во фази за да достигне 80 евра во 2034 година, што го плаќаат европските фабрики со години.
Покрај борбата за здрава животна средина, воведувањето на данокот се оправдува и со спречување на евентуално преместување на производството од Унијата во земји кои немаат сличен товар, па нивните производители се во предност во однос на европските.
Се проценува дека меѓу шест и девет отсто од вкупниот српски извоз би биле оптоварени, додека расходите за новата давачка би изнесувале меѓу 60 и 90 милиони евра годишно.
Подготвено од М.Н.