27.05.2023 Скопје
Утре во Турција ќе се одржи вториот круг гласање за претседател на државата и според направените јавни анкети се чини дека шансите за победа во вториот круг на актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган и на неговиот предизвикувач од обединетата опозиција Кемал Киличдароглу се речиси еднакви.
Според податоци од анкетата, кои се слични како и оние од пред првиот круг, 44,7 отсто од испитаниците се изјасниле дека во недела би гласале за Киличдароглу, додека 43,7 отсто се определиле за Ердоган. Другите 11,6 отсто или се уште не се определиле или воопшто нема да излезат на гласање.
Според направената анкета, доколку се случи распределба на неопределените гласови меѓу кандидатите, центарот прави проекција дека Киличдароглу би освои 50,6 отсто а Ердоган 49,4 отсто од гласовите.
Пред вториот изборен круг, Киличдароглу радикално ја промени својата реторика, и го презема вокабуларот на националистот Синан Оган, особено во однос на околу четирите мигранти во Турција за кои рече дека во рок од една година ќе ги врати во земјите на нивното потекло.
Во првиот круг пред две седмици, Ердоган освои 49,52 отсто од гласовите и за половина процентен поен по речиси две децении на власт не избори победа во првиот изборен круг, за што му беа потребни 50 отсто плус еден глас. Киличдароглу освои 44,88 отсто, а третиот кандидат Синан Оган 5,3 отсто од гласовите.
Подготвено од М.Н.